Емигрантите продолжуваат со новогодишните насилства во Германија
Објавено во: Свет 03 Јануари, 2019
Традицијата на новогодишни напади на емигрантите во Германија продолжи и во 2019-та, а овој пат мета беше баварскиот град Амберг.
Пијани тинекџери од Авганистан , Иран и Сирија со часови претепувале случајни минувачи низ улиците, а цел на нападите биле млади етнички Германци. Според билтенот, една 17 годишна девојка завршила во болница со потрес на мозокот , откако насилниците ја турнале од скалила.
Хорст Зихофер, по овие напади порача дека законот мора да се смени и секој мигрант што направил некакво кривично дело веднаш да биде протеран.
Барателите на азил при апсењето ги навредувале полицајците , а особено една женска припадничка на полицијата нарекувајќи ја со погрдни имиња, по што со реакција се јави и полицискиот синдикат кој порача дека „ треба да се делува поинтензивно против ваквите криминалци , кои немаат никаков почит кон земјата каде се сместиле и нејзините жители“.
Изминатите празници за Нова година честа мета беа германските жени, а емигрантите од азиско потекло групно се договараа на социјалните мрежи пред нападите со насилство и силување.