20 Април, 2024
0.0258

Енергија од обновливи извори во транспорт

Објавено во: Мои пари 05 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Секторот за транспорт има застој во усогласувањето со регулативата на Европската Унија и само два процента реализација на подзаконските акти и регулативи, оценува во делот на Енергија од обновливи извори Годишниот извештај на Секретаријатот на енергетската заедница за нашата земја, објавен во ноември 2019 година.

- Без соодветни политики за стимулирање и задолжителни квоти за намешување, поголемиот дел од биогоривата произведени во земјата се извезуваат, наместо да придонесат кон исполнување на националните цели. Уделот на обновливите извори на енергија во домашниот пазар на гориво за транспорт е 0,1 процент и е далеку од проектираниот план на Националниот акциски план за обновлива енергија, стои во Извештајот.

Дополнително, во Извештајот се оценува дека членовите од 17 до 21 од Директивата 2009/28/EC поврзани со одржливоста на биогоривата, сѐ уште не се усогласени во националното законодавство.

Во согласност со Директивата на Европската Унија 2009/30/EC се овозможува намешување на етанол во бензин до 10 проценти и метил естер на масна киселина – ФАМЕ, односно чист биодизел во  содржина од 7 проценти во дизел-горивата.

Сите дизел-горива продадени на бензинските станици во Европската Унија во 2017 година содржеле биодизел компонента, додека 87,6 проценти од бензинот содржел биоетанол.

Процентот на енергија од обновливи извори што се користи во транспортот на ниво на Европска Унија во 2018 година изнесува 8 проценти, споредено со 7,1 процент во 2017 и 1,4 проценти во 2004 година, покажуваат податоците на ЕВРОСТАТ.

Целта е до 2020 година да се достигне нивото од 10 проценти, а во 2030 до 14 проценти.

Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика во 2019 година продажбата на биогорива на нашиот пазар изнесува 0,19 проценти.


Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција