ЕПИДЕМИЈА НА ЕБОЛА: Се појави во Конго, а сега е закана за светот
Објавено во: Свет 18 Јули, 2019
Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи епидемијата на ебола во Конго за глобална здравствена закана.
Епидемијата на ебола во Конго е прогласена за глобална здравствена закана затоа што смртоносниот вирус неделава се проширил врз град со два милиони жители.
Одборот од експерти на СЗО одби во три претходни наврати да го предложи прогласувањето на еболата за глобална здравствена закана, иако други експерти тврдат дека за тоа уште одамна имало услови, па реакцијата е задоцнета.
Неделава првиот случај на ебола е потврден во Гомa, голема регионална крстосница на границата помеѓу Конго и Руанда со меѓународен аеродром. Експертите со месеци стравуваа.