Ердоган бара Меркел да го дисциплинира младиот Курц
Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2018
Европа, oдносно Германија треба да го „смири“ австрискиот канцелар Себастијан Курц по неговата одлука да затвори џамии и протера имами од земјата како дел од борбата против „политичкиот ислам“, смета турскиот претседател, Реџет Таип Ердоган.
Ердоган го нападна Курц и на крајот на минатата недела, кога најави дека поради одлуката на Австрија во Европа може да има војна „меѓу крстот и полумесечината“.
Во своите нови забелешки до Курц тој се обрати директно кон лидерот.
Рече дека австрискиот канцелар нема искуство, а според него 31-годишниот Курц е во „академски“ период на кариерата.