20 Април, 2024
0.0272

Ердоган бара помош од муслиманските држави - која му е целта?

Објавено во: Балкан 19 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Турција на вонредниот состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул, ги повика муслиманските држави да се обединат во одбрана на Палестинците. 

Oва е обединување против Израел и предупредија дека американската одлука да го признае Ерусалим како главен град на Израел беше само прва од многуте акции против исламскиот свет.

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика муслиманските водачи да се обединат и истакна дека Ерусалим – третото свето место за исламот – е нивна заедничка кауза.

Ердоган, кој е ротирачки претседател на ОИС, изјави дека САД ги интензивираа тензиите во регионот и дека нивната одлука за Ерусалим е „претходник на нови операции против исламскиот свет“.

Лидерите на Самитот усвоија Декларација во која е наведено дека треба да се распоредат меѓународни сили за заштита на Палестинците и дека муслиманските земји треба да наметнат „економски ограничувања“ на земјите кои, исто како и САД, ќе решат да ги преместат своите амбасади во Ерусалим.

Се вели дека прашањето за насилството во Појасот Газа мора да се разгледа и од Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН.

Израелската власт се угледала на Хитлер и Мусолини како што покажа во Газа, порача турскиот премиер Бинали Јулдирим во обраќањето на големиот митинг за поддршка на Палестина во ИСтанбул, пренесе Анадолија.

“Израелската власт која се угледува на Хитлер и Мусолини уште еднаш на целиот свет му покажа дека е окупаторска и дека не го почитува правото. На целиот свет му покажа дека не го уважува меѓународното право и дека не почитува ничие право на живот”- изјави Јилдирим.

Вели дека одговорните за масакрот во Газа ќе платат, додавајќи дека во насилството учествувале и американската администрација и нејзиниот претседател Доналд Трамп.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ГРЦИЈА: Волос е без струја

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ГРЦИЈА: Волос е без струја

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?