20 Април, 2024
0.0274

Ердоган ги покани Анѓушев, Бектеши и Реџепи на пуштањето на азербејџански гас, кој ќе го добива и Македонија

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги покани вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и Бајрам Реџепи, директорот на Национални енергетски ресурси, претпријатието кое ја спроведува гасификацијата во Македонија, да присуствуваат на денешната свеченоста со која ќе се одбележи пуштањето во употреба на Транс-анадолскиот гасовод – ТАНАП.

Одбележувањето ќе се на локација во близина на граничниот премин меѓу Турција и Грција, а ТАНАП е дел од Јужниот гасен коридор кој ќе пренесува азербејџански гас произведен во регионот Шах Дениз а ќе го добива и Македонија откако ќе се поврзе интерконекторски со Грција. Азербејџанскиот гас треба да значи и поголема конкурентност во регионот и да ја намали зависноста од рускиот гас.

-Стратешка определба на Владата е гасно поврзување на државата токму со ТАП, преку интерконективен гасовод со Република Грција, за диверзификација на изворите на снабдување со гас во земјата и овозможување на стабилност во снабдувањето, а со тоа и поконкурентни цени на гас за индустријата и граѓаните, велат од владината прес-служба.

Покрај Ердоган, на свеченоста ќе присуствуваат и азербејџанскиот претседател Илхам Алијев, бугарскиот премиер Бојко Борисов, претседавачот на советот на министри на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ и грузискиот премиер Гиорги Гахарија. Најавено е и присуството на спикерот на српскиот Парламент Маја Гојковиќ, грчкиот министер за енергетика и животна средина Костис Хацидакис, министерот за енергетика на Катар Мохамед Салех Ал-Сада и српскиот министер за енергетика и рударство Александар Антиќ.


Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ