ЕРДОГАН ГИ ПОТОПИ БЕРЗИТЕ: И банките ќе бидат под моја контрола!
Објавено во: Балкан 16 Мај, 2018
Турскиот лидер Реџепт Таип Ердоган рекол дека ќе преземе поголемо овластување во сфера на економијата после претседателските избори следниот месец.
Како што истакнал, централната банка во иднина ќе мора да делува согласно со неговите ставови.
Овие коментари влијаеле дополнително на падот на вредноста на турската национална валута на курсот од 4,399 лири спрема доларот, што значи дека таа оваа година ослабнала за повеќе од 13 отсто. Ердоган во интервју за Блумберг рекол дека централната банка е независна, но дека нема да може да ги игнорира сигналите од личноста со највисоки извршни овластувања откако ќе биде извршен премин на претседателскиот систем.
„Јас ќе преземам одговорност како неоспорен шеф на извршните органи во врска со чекорите и одлуките кои треба да се донесат“, рекол Ердоган при посетата во Берлин.
Привремените претседателски избори се закажани за 24, а анкетите покажуваат дека Ердоган е голем фаворит за победа.