Ердоган ги предупредува ЕУ и НАТО: Присилно ќе ги браниме нашите интереси доколку е потребно
Објавено во: Балкан 07 Август, 2019
Турскиот
претседател, Реџеп Тајп Ердоган денеска ја предупреди Европката унија и НАТО. „Турција ќе ги брани своите национални
интереси по секоја цена преку дијалог и дипломатија, но, доколку е потребно, со
сила“,посочил Ердоган.
Турскиот претседател говорејќи со турските амбасадори, рекол дека нема конкретни докази дека системот С-400, кој Анкара го купувал во Русија, му штети на НАТО или на програмата Ф-35.
Коментирајќи ги односите на неговата земја со ЕУ, Ердоган рече дека ако Унијата сака да стане глобален играч, прво мора да ја победи Турција.
Ердоган истакнал дека членството на Турција не смее да биде жртва на волјата на неколку земји.