26 Април, 2024
0.0279

Ердоган најавува контра протести, апсењата продолжуваат во Турција

Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Турската полиција приведе 13 луѓе кои преку Твитер организирале протести и напади за време на демонстрациите врз владини и партиски објекти, приватни автомобили и врз полицијата, јави Си-Ен-Ен Турк.

Тринаесеттмината се приведени во турскиот град Адана. Меѓу нив се и две жени. Тие биле на информативен разговор во полиција по што денеска се изведени пред истражен судија.

Минатата недела над 30 луѓе беа приведени во Измир врз основа дека со свои објави на социјални мрежи поттикнувале непријателства и омраза. Подоцна, приведените беа ослободени.

Истовремено, премиерот одржува средби со неговите поддржувачи од кои упатува порака дека трпението на владата не е бесконечно и дека протестите мора да запрат. Тој рече дека  демонстрациите  ги водат екстремисти и криминалци, и најави дека следниот викенд неговата партија ќе организира контра-протести со што, според опозицијата, уште повеќе ќе се заострат поделбите во турското општество. Во досегашните немири во Турција загинаа најмалку четири луѓе, додека илјадници граѓани и полицајци се повредени.

Меѓутоа турскиот весник „Заман“ пишуваше дека провокаторите кои сакаат во крв да ги натопат протестните активности во Турција се странски државјани. Во истанбулскиот кварт Бејоглу биле фатени шестмина странски државјани со дипломатски пасоши, кои демонстрантите ги подбуцнувале на насилство. Има сомнение дека овие лица, кои се државјани на Велика Британија, САД, Франција и Грција, се странски агенти. Четворица од нив се оставени во притвор.

Вкупно 15 странци се приведени во протестите во цела Турција, информира „Заман“.

Од местото каде тие биле приведени, се земени материјали и гасни бомби, што се претпоставува дека требало да бидат активирани во погоден момент во демонстрациите.

Скандалозната изградба на трговски центар во центарот на Истанбул, што беше и повод за протестите е откажана, пишува весникот „Взглјад“.

Барањата на демонстрантите, меѓутоа сега се многу повеќе.

Во досегашните немири во Турција загинаа најмалку три луѓе, додека илјадници граѓани и полицајци се повредени.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци