25 Април, 2024
0.0284

Ердоган не може да се помири што Курц затвори седум џамии

Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Иако помина подолго време, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган не додржа и се впушти во критика на канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, поради одлуката на владата за затворање седум џамии во таа земја и почнувањето истрага против четириесет имами. 

„Се плашам дека мерките кои ги презема премиерот на Австрија водат во светот на војна на крстот и полумесечината. Тие изјавија дека ќе ги протераат имамите. Како тоа да се остави без одговор? Нема да седиме со скрстени раце“, порача Ердоган.

Освен истрагата против имамите за кршење на законот за исламот кој предвидува забрана за финансирање од странство, австриската влада донесе и одлука за протерување на 60 имами и членови на нивните семејства. 

Една џамија беше затворена поради сомнежи за ширење терористичка пропаганда, а други шест поради ширење салафизам. Расформирано е и здружението Арапска верска заедница која управуваше со спорните салафистички џамии.

Турција силно ја критикуваше оваа одлука и потезите ги нарече „расистички“ и „недемократски“.

Одлуката на австриската влада ја поздравија сите политички партии во земјата, но со критика дека е донесена токму во време на рамазан, како и на почетокот на гласањето на турската дијаспорa за претседателските избори во Турција.


Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци