23 Април, 2024
0.0257

Ердоган не сака поделби, но еве го и ставот за смртната казна...

Објавено во: Балкан 16 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера на одбележување на една година од неуспешниот обид за пуч се осврна и на смртната казна. 

„Многу непријатели ја очекуваат пропаста на Турција, а ако почнам да ги набројувам, тоа ќе доведе до многу голема криза на меѓународно ниво“- изјави Ердоган за време на големиот митинг кој се одржа во Анкара по повод годишнината од обидот за воен удар.

Тој порача дека никој нема да го подели турскиот народ. 

„Нема да ги исклучите нашите молитви. Нема да успеете да ја поставите нашата земја на колена. Нема да успеете да го оковате нашиот народ“- вели Ердоган.

Вети и дека ако во парламентот биде поднесено барање за враќање на смртната казна и ако таа биде одобрена, тој ќе го потпише указот за нејзина реализација. Ердоган напомена и дека минатогодишниот обид за државен удар нема да биде последен и побара од жителите на Турција да бидат подготвени доколку се случи такво нешто.

Премиерот Бинали Јилдирим порача дека борбата против организацијата на Фетулах Ѓулен ќе продолжи и понатаму.

„Борбата ќе продолжи, додека не остане ниту еден член на Фето“- изјави Јилдирим.

Митингот започна со пеење на националната химна и едноминутен молк во спомен на 249 – те загинати во неуспешниот обид за државен удар.

Можеби ќе ве интересира

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа