Ердоган нема да учествува во ТВ-дебата
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2018
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го отфрли повикот на претседателскиот кандидат на опозицијата за ТВ-дебата пред предвремените избори на 24 јуни.
Повикот за дебата беше упатен вчера од страна на кандидатот за претседател од редовите на Републиканската народна партија, Мухарем Инџе. Според него, тоа Турција ќе ја стави во редот на развиените држави со традиција на ТВ дебати пред избори.
Ердоган изјави дека не сака да учествува на дебата на која било телевизија.
– Не сакам на друг човек да му овозможам да добива поени на моја сметка, изјави Ердоган синоќа во Анкара.
Тој додаде дека е подготвен на средба со Инџе во просториите на партиското седиште.