ЕРДОГАН ПОТПИША: Нови услови за добивање на турско државјанство
Објавено во: Балкан 19 Септември, 2018
Олеснети се условите за добивање на турско државјанство.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган потпиша декрет со кој значително се олеснуваат условите за странци добивање турско државјанство од странци.
Отсега за странците ќе е доволно да имаат инвестиции со основен капитал во Турција во вредност од 500 илјади долари, наместо досегашните два милиони долари. Државјанството може да се даде на странци кои инвестираат 250.000 долари во недвижен имот кој не треба да се продава за три години.
Во документот, објавен во турскиот Службен весник стои дека претходните услови за државјанство се менуваат на иницијатива на неколку турски министерства.
Министерството за труд, ги измени условите за добивање државјанство, и сега турско државјанство ќе може да добие странец во претпријатие во кое вработува минимум 50 Турци, а не како претходно, со најмалку100.
Олеснувањето на условите за добивање турско државјанство се врши во период во кој Турција обидува да ја нормализира економската ситуација во земјата, по силната девалвација на турската лира. Валутата „падна“ за околу 40 проценти од почетокот на годината.
Турските власти објавија дека не планираат да бараат заем од ММФ, туку ќе се потпираат на странски директни инвестиции.