24 Јули, 2019
0.0187

ЕРДОГАН ПРИФАТИ ПОРАЗ: Кој застана на чело на Истанбул

Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2019

 Кандидатот на опозициската Републиканска народна партија, Екрем Имамоглу, кој ги доби изборите за градоначалник на Истанбул, вети „нов почеток” во градот и изрази подготвеност за соработка со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Имамоглу освои 54 отсто од гласовите, оставајќи го зад себе кандидат на владејачката АКП и поранешен премиер Бинали Јилдирим.

Имамоглу победи на изборите на 31 март и беше градоначалник 18 дена, но изборната комисија, по жалба на АКП, ги поништи тие резултати поради неправилности.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му честиташе на лидерот на опозицијата, Екрем Имамоглу, за победата во повторното гласање за градоначалникот на Истанбул.

„Му честитам на Екрем Имамоглу, кој победи според неофицијалните резултати”, напиша Ердоган на Твитер.

Foto: EPA


Можеби ќе ве интересира

И сенка на плажа се наплаќа

И сенка на плажа се наплаќа

Турците сакаат мир со Грците, но има еден проблем

Турците сакаат мир со Грците, но има еден проблем

НЕ ПОМИНАА НИ ТРИ МЕСЕЦИ: Пукна новиот асфалт во Грделичка клисура

НЕ ПОМИНАА НИ ТРИ МЕСЕЦИ: Пукна новиот асфалт во Грделичка клисура

ГЕРМАНЦИ ШОКИРАНИ: Излегле на сладолед во балканска земја, а неочекувано платиле 140 евра

ГЕРМАНЦИ ШОКИРАНИ: Излегле на сладолед во балканска земја, а неочекувано платиле 140 евра

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ: Во Атина пожар им се заканува на домовите

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ: Во Атина пожар им се заканува на домовите

Мицотакис има „алатка за притисок“ за Скопје

Мицотакис има „алатка за притисок“ за Скопје

Харадинај денес патува во Хаг, утре судењето

Харадинај денес патува во Хаг, утре судењето

ОЧЕКУВАНО: Парламентот во Грција изгласа доверба на владата на Мицотакис

ОЧЕКУВАНО: Парламентот во Грција изгласа доверба на владата на Мицотакис

(ФОТО) Автомобил излета во море, луѓето го спасуваа возачот

(ФОТО) Автомобил излета во море, луѓето го спасуваа возачот