Ердоган се побуни за нуклеарната моќ
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2019
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави во Њујорк дека нуклеарната моќ би требало да биде или слободна за сите држави или целосно забранета.
„Поседувањето нуклеарна моќ би требало да им се забрани на сите или да им се дозволи на сите“, кажа Ердоган на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации.
Вели дека нееднаквоста меѓу државите кои имаат нуклеарна моќ и оние кои ја немаат ја поткопува глобалната рамнотежа, пренесува Ројтерс.