21 Април, 2018
0.0892

ЕРДОГАН СЕ ЗАКАНИ: Никогаш не го почувствувале отоманскиот удар

Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2018

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган им се закани на Американците.

„Одлуката на Вашингтон да продолжи да ги финансира курдските сили ИПГ во Сирија ќе влијае врз турските одлуки“- рече  Ердоган пред посетата на американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон неделава.

Американски извори соопштија дека Тилерсон очекува проблематични разговори за време не посетата на Турција во четврток и петок имајќи предвид дека интересите на двете НАТО сојузнички во Сирија драматично се разликуваат, пишува Ројтерс.

Турција е гневна поради американската поддршка на ИПГ која Анкара ја смета за терористичка организација и гранка на Работничката партија на Курдистан (ПКК). Вашингтон ја поддржува курдската милиција ИПГ во борбата против Исламска држава во Сирија.

„Јасно е дека оние кои велат дека агресивно ќе одговорат ако се нападнати никогаш не го почувствувале отоманскиот удар“- изјави Ердоган.

Турција минатиот месец во Сирија ја почна воената операција „Маслиново гранче“ за да ги отстрани ИПГ од својата јужна граница. Се закани и дека ќе ја продолжи операцијата кон сирискиот град Манбиџ кој го контролираат силите на ИПГ и ги предупреди американските сили да не се мешаат.

Вашингтон објави дека нема намера да се повлекува од Манбиџ пред Турците.

Можеби ќе ве интересира

Никос Ксидакис: Сега е најдобриот момент за решение на името

Никос Ксидакис: Сега е најдобриот момент за решение на името

ПОСЛЕПОЛНОЌНИ ЗЕМЈОТРЕСИ: Грција се тресе

ПОСЛЕПОЛНОЌНИ ЗЕМЈОТРЕСИ: Грција се тресе

Зошто турското злато е повлечено од американските сефови?

Зошто турското злато е повлечено од американските сефови?

АНКЕТА: Дали Србите веруваат дека Косово е изгубено?

АНКЕТА: Дали Србите веруваат дека Косово е изгубено?

Ивана Трамп во Белград: Што прави поранешната сопруга на Доналд во Србија?

Ивана Трамп во Белград: Што прави поранешната сопруга на Доналд во Србија?

Катругалос: Сакаме комплетно решение за да не се создаде проблем во следната деценија

Катругалос: Сакаме комплетно решение за да не се создаде проблем во следната деценија

Вуцис: Грција има интерес да се реши името, но со уставни гаранции

Вуцис: Грција има интерес да се реши името, но со уставни гаранции

Харадинај вели дека Србија ќе го признае Косово

Харадинај вели дека Србија ќе го признае Косово

Од пловечка резиденција до `рѓа: Како денес изгледа познатиот брод „Галеб“ на Маршалот Тито

Од пловечка резиденција до `рѓа: Како денес изгледа познатиот брод „Галеб“ на Маршалот Тито