Ердоган се закани: Трпението „има граници“
Објавено во: Балкан 09 Јуни, 2013
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган предупреди денескa, дека трпението на неговата Влада „има граници“.
- Ние сме трпеливи, ќе бидеме трпеливи, но трпението има граници, рече Ердоган пред неколку илјади приврзаници, кои дојдоа да го пречекаат на аеродромот во Анкара.
Голем дел од нив скандираа пароли „Подготвени сме да го дадеме животот за тебе, Таип!“.