18 Април, 2024
0.0266

Ердоган: Трамп го претвора Ерусалим во огнен прстен

Објавено во: Свет 07 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Ердоган ја осуди одлуката на неговиот американски колега, Доналд Трамп, да го признае Ерусалим како главен град на Израел, велејќи дека тоа ќе го претвори регионот во „прстен на оган“. 

„Еј, Трамп, што сакаш да направиш? Каков пристап е ова? Политичките водачи се обидуваат да создадат мир наместо хаос“, изјавил Ердоган во Анкара, пренесе 7 АФП.

Вчера (7-ми декември) американскиот претседател Доналд Трамп официјално го призна Ерусалим како главен град на Израел.

Белата куќа исто така најави нов пристап кон израелско-палестинскиот конфликт. Трамп објасни дека САД бараат мировна спогодба на Блискиот Исток која ќе ги задоволи двете страни и дека заменик-претседателот Мајкл Пенс наскоро ќе го посети Блискиот Исток.

Во јуни сенатот на САД донесе резолуција со која ја повика администрацијата на Вашингтон да го спроведе законот усвоен во 1995 година за преселба на Американската амбасада во Ерусалим до 31 мај 1999 година.

Претходниците на Доналд Трамп до претседателството го одложија спроведувањето на законот со намерен редослед на секои шест месеци, наведувајќи дека статусот на градот треба да биде поставен за разговори меѓу Израелците и Палестинците. 

Статусот на Ерусалим е еден од главните извори на несогласување во израелско-палестинскиот конфликт. Палестинците сакаат да го прогласат источниот дел од градот како центар, а Израел го смета Ерусалим за „единствен и неделив“ главен град.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените