Ерменскиот премиер повика народот да се бори до победа или пораз
Објавено во: Свет 21 Октомври, 2020
Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан порачува дека дипломатско решение не е можно за прашањето околу Нагорно-Карабах, во судирот со Азербејџан.
Тој ги повикал сонародниците доброволно да одат на фронтот.
„Мораме да признаеме дека прашањето за Нагорно-Карабах, во овој момент и уште долго време, не може да има дипломатско решение", порачал Пашинјан во видео порака на Фејсбук.
Го повика народот да оди да се бори до победа или пораз.
„За да победиме, сите мораме да формираме единица доброволци", рекол тој и оценил дека Азербејџан ги користи последните ресурси во борбата.
Според некои извештаи, во новите судири загинале повеќе од 800 лица, вклучувајќи околу 100 цивили.
Меѓутоа, двете страни тврдат дека убиле повеќе од 1.000 непријатели.