19 Април, 2024
0.0267

Есенско возење – подгответе се за сезоната на дождови

Објавено во: Мои пари 20 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Есента пристигна, а тоа значи дека возилото треба да се подготви за возење во сезона на дождови, магла и улици прекриени со лисја.

Возењето по дожд го намалува видното поле на возачот и контактот со патот, го продолжува времето на запирање и ја зголемува опасноста. Возењето по дожд носи непредвидливи ситуации, со многу малку простор и време за маневар.

Според  Американската агенција за транспорт околу 21 процент од сите сообраќајни незгоди се поврзани со лошите временски услови – како што се - возење по дожд, снег, магла, силен ветер или мраз. Околу 70 проценти од сообраќајните незгоди се поради влажни коловози и 46 проценти за време на дожд. Значително помал е бројот на сообраќајни незгоди на зимски услови на патот – 18 проценти на снег, 13 – на мраз и само 3 проценти поради магла.

Најважни за безбедно возење по дожд се бришачите, кои гарантираат добра видливост на патот и со тоа ја намалуваат опасноста од незгода. Гумата на бришачите брзо ја губи својата ефикасност без разлика на тоа колку се користи. Топлите сончеви денови ја оштетуваат и таа стврднува при премин на пониски температури во есен и зима. Оптимално време за промена на бришачите на возилото е од шест месеци до една година.

Секогаш пред да тргнете на пат или пред да најават дожд проверете ги бришачите, бидејќи најлошо време да дознаете дека бришачите треба да се променат е кога тие најмногу ви се потребни. 

Други механички проблеми со возилото, што го прават возењето по дожд опасно, и треба да се проверат пред секоја сезона се гумите на возилото, системот за вентилација и сопирачките.

Возењето со истрошени гуми со помалата длабочина е опасна зошто при повеќе вода на патот возилото лесно може да загуби контакт со подлогата. Неисправен систем за вентилација во кабината на возилото може да доведе до замаглување на стаклата предизвикано од зголемена влажност и кондензација во кабината, што, пак, ја намалува видливоста на возачот. Исто така, со возење по дожд ефикасноста на сопирачките може да се намали, поради навлегување вода во системот. Затоа треба да се следи сообраќајот и повремено нежно да се притисне сопирачката со цел да се исуши дискот доколку навлегла вода, за да бидат тие целосно ефикасни во случај на непредвидено кочење.

Намалувањето на брзината за време на дожд, исто така, е еден од најважните совети за безбедно возење на мокри патишта, кои во есен се дополнително полизгави поради паднатите лисја или прашина и кал. Според препораките од Американската агенција за безбедност на патиштата возачите треба да ја намалат брзината на движење за една третина за време на дожд и за една половина за време на снег.


Избегнувајте ги големите вирови на улиците, бидејќи не знаете во што влегувате. Ако влезете со двете тркала, при поголема брзина може да се создаде воден клин и да изгубите контрола на возилото. Доколку влезете само со едното тркало, ако дупката е поголема, може да предизвика да изгубите контрола, или во најмала рака да испрскате некој пешак или друго возило и да влијаете на неговото видно поле.

На прав пат, најдобро е да возите во иста линија со останатите возила, бидејќи возилата пред вас ќе ја пробиваат водата на патот и за вас. Сепак, зголемете го растојанието и дајте им повеќе простор на возилата пред вас, бидејќи лизгавите патишта, кочењето по мокра подлога и намалената видливост може да доведат до сообраќајка.

Во случај возилото да загуби контакт со подлогата, поради големо количество вода на патот, треба да знаете дека не смеете да кочите или нагло да го вртите воланот, туку полека да одземете гас и да го држите управувачот мирно со двете раце сѐ додека возилото повторно не добие контакт со подлогата. Потоа, ако е потребно нежно може да употребите и сопирачки.

Стабилноста на управувачот е многу важна и затоа при возење по лизгав пат задолжително држете го управувачот со двете раце, бидејќи и најмалото сечкање со управувачот може да биде опасно. Во кривините влегувајте со помала брзина од вообичаено и не користете темпомат.

Комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година