25 Април, 2024
0.0293

Ескобар: Тензиите на северот на Косово делумно се резултат на неподготвеноста на Приштина да ја слуша меѓународната заедница

Објавено во: Балкан 04 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Ескалацијата на северот на Косово делумно е резултат на неподготвеноста на официјална Приштина да ја слуша меѓународната заедница, изјави за Би-Би-Си американскиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар, пренесува РСЕ.

Тој додаде дека порастот на тензиите на северот можел да се избегне.

„Оваа ескалација делумно е резултат на неподготвеноста на косовската страна да ја сослуша меѓународната заедница. Тоа предизвика тензии, непотребно, со инсистирањето на користење на општинските згради. Има и други згради од кои можеме да работиме и ако ништо друго , пандемијата на коронавирус не научи дека можеме да работиме и од алтернативни локации“, рече тој.

Ескобар рече дека напорите на меѓународната заедница да се координира со косовската влада наиде на отпор.

Немаше потреба да се оди во тие згради. Тие немаат вистинска вредност. Курти не увери дека тие градоначалници ќе вршат само основни општински задачи“, објасни Ескобар.

Ескобар повтори дека циклусот на насилство мора да се прекине и дека двете страни, Косово и Србија, имаат одговорност да дејствуваат во таа насока.

Многу членови на меѓународната заедница ја гледаат оваа ситуација како конфронтација меѓу Косово и Србија. Но, мораме да запомниме дека и овде има неуспех да се постигне етничко помирување во Косово. Ги охрабривме двете страни да се вклучат во дијалог“, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)