19 Април, 2024
0.0325

ЕСМ ги остави бизнисмените на цедило! Си плаќаат струја по берзански цени, за нив нема од ТЕЦ Неготино

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

ТЕЦ Неготино произведува струја по цена од околу 150 евра за мегаватчас. Таа струја ЕСМ ја продава на ЕВН Снабдување за 40 евра за мегаватчас. Мазутот го плаќаме сите ние од Буџет. Иако Бектеши и Ковачевски ветуваа дека ќе има, за фирмите кои се снабдуваат по пазарни цени нема струја од ТЕЦ Неготино. На фирмите им останува да си купат од берзата ХУПЕКС во Унгарија по цени од 207 до 283 евра за мегаватчас (*распон меѓу базна и врвна цена за деновите 11,12,13 и 14 јануари)

Силен ценовен шок ги тресе најголем дел од домашните компании кои купуваат струја за свои потреби по пазарни цени и не ги исполнуваат условите да купуваат од универзалниот снабдувач на електрична енергија. Новите договори што ги добиваат од снабдувачите почнувајќи од овој месец се направени по формулата цена за мегават час по ХУПЕКС (унгарска берза за струја) плус 5 -10%.

Фирмите се во паника и очај особено заради тоа што Владата и ЕСМ (домашната државна компанија за производство за струја) ветуваа дека ТЕЦ Неготино ќе биде ставен на располагање за потребите на македонските компании со што тие ќе имаат можност за избор меѓу таа понуда и цените на берзата во Унгарија.

За жал тоа не се случи. Од стартувањето на ТЕЦ Неготино во втората половина на декември до сега целата енергија што ја дава таа централа се троши само и исклучиво за потребите на домаќинствата и потрошувачите кои ги снабдува ЕВН Снабдување. Цената по која ЕВН ја плаќа таа енергија на ЕСМ е 40 евра за мегават час.

Сите компании кои не се во таа група потрошувачи (повеќе од 2.500 правни лица) се оставени на милост и немилост на берзанските цени. За нашата економија референтна берза е унгарски HUPX (ХУПЕКС) каде цените на часовно ниво овие три дена се движат од 207 до 283 евра за еден мегаватчас електрича енергија. Повеќе детали на www.hupx.hu

Стопанствениците се разочарани од министерот Крешник Бектеши и од Васко Ковачевски директорот на ЕСМ кои ветуваа во декември дека ТЕЦ Неготино ќе се активира за да нуди струја за домашните бизниси која ќе биде поевтина од таа што овие зимски месеци ќе чини на регионалните берзи. Велат дека овој ценовен шок ќе им ја наруши ликвидноста и солвентноста и дека ако преживеат ќе мора поскапувањето да го вкалкулираат во продажните цени на нивните стоки и услуги.

Ова го потврди и Ѓорѓи Манасков, претседател на Енергетика при Стопанската комора на Македонија.

-Во моментов ТЕЦ Неготино не произведува доволно електрична енергија за да ја продава на слободниот пазар. Во моментов едвај има доволно за домаќинствата и затоа целата струја ја предава на ЕСМ, а потоа таа оди за потребите на универзалниот снабдувач. Доколку произведуваше ТЕЦ Неготино со целосен капацитет, тогаш беше предвидено електрична енергија да се продава и за фирмите, објасни Манасков кој претходно изјави дека не се задоволни од состојбата и дека отворено протестираат заради тоа до сите надлежни инстанци.

Каде ќе му биде крајот на ЕСМ?

Заради недоволното сопствено термопроизводство ЕСМ е принуден сета струја што ја произведува ТЕЦ Неготино да ја предава на ЕВН Снабдување по цена од 40 евра за мегаватчас. Според официјален податок од соопштение на Владата објавено во декември производната цена на ТЕЦ Неготино (во режим со еден блок) е околу 150 евра за мегават час. Тоа значи дека од втора половина на декември досега секој произведен мегаватчас во ТЕЦ Неготино ЕСМ го продава со загуба од 110 евра!!!

Дневно ТЕЦ Неготино произведува околу 2.000 мегаватчасови (1 блок со капацитет од 90 мевагати за еден час). Ова значи дека ЕСМ само од таа продажба има загуба поголема од 200.000 евра на ден! И тоа трае повеќе од 20 дена. Досега троши мазут за кој доби пари од Владата поточно од Буџетот, но вредноста на набавката никогаш не ја објавија....

Според официјални податоци објавени на сајтот на МЕПСО домашното производсто на струја на 12 јануари изнесува вкупно 18.906 мегаватчасови. Вкупната домашна потрошувачка била околу 26.000 мегаватчасови. Од тоа термоцентралите произвеле 14.000 мегаватчасови,а хидроцентралите нешто над 4.000 мегавати. Од ветер се произведени 810 мегавати. Кај термоцентралите од вкупното приватниот производител ТЕ-ТО (кој работи од 7 до 21 часот) произвел 3.200 мегаватчасови, а ТЕЦ Неготино околу 2.000 мегаватчасови. ЕСМ со РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј произвел околу 8.800 мегаватчасови односно просечно околу 370 мегавати за еден час. За да биде појасно: инсталираниот производен капацитет на термоцентралите на ЕСМ (деклариран на нивната веб страна) е 824 мегавати. Значи ЕСМ вчера работел со 45% од својот термо производен капацитет.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите