25 Април, 2024
0.0302

ЕСМ: Субвенциите за инвертери се владин проект

Објавено во: Економија 11 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Субвенционирањето инвертери за греење како замена за греењето на дрва е мерка на Владата, која уште на 24 август 2019 година ја објави премиерот Зоран Заев при посетата на Битола. Се работи за владина мерка која почива на претходно направени стручни анализи и пресметки за придобивките од истата во однос на намалено загадување на воздухот и намалени трошоци за греење на граѓаните, стои во реакцијата на Електрани на Северна Македонија на текстот на Фактор.  

„Вклученоста на АД ЕСМ во овој проект произлегува од  обврската за општествена одговорност како профитабилна компанија да се отстапи дел од остварениот приход за проекти кои се во интерес на граѓаните и на околината. АД Електрани на Северна Македонија ќе го поддржи секој проект кој е енергетски, како наведениот, за разлика од непродуктивните проекти од несуштинска дејност за компанијата, како што се правеше во минатото. АД ЕСМ во моментот очекува владина одлука со конкретно задолжение во однос на обврските на компанијата во спроведувањето на мерката, стои во реакцијата. 

Од ЕСМ велат дека во однос на споредбата за степенот на загадување, секој добро упатен во енергетиката и животната средина може да разбере дека загадувањето од производството на количината електрична енергија која одреден број семејства ќе ја користат за греење преку инвертери е за десетици и повеќе пати помало од загадувањето кое би се случило доколку тие семејства се греат на дрва.

„Исто така, потсетуваме дека АД ЕСМ вложува во обновливи извори на енергија, фотонапонски и  ветерни електрани, меѓутоа тоа се инвестиции за зголемување на производството на компанијата, а не се директни мерки за граѓаните и за таргетирано решавање одредени проблеми со загадувањето на воздухот, како што е мерката субвенционирање инвертери за греење, пишува ЕСМ.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?