28 Март, 2024
0.0250

ЕСМ ВЕТУВА СТРУЈА ЗА СИТЕ КОРИСНИЦИ НА УНИВЕРЗАЛНИОТ СНАБДУВАЧ - ќе го зголемиме производството за 20 отсто

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Поради интересот на медиумите во врска со процедурата за снабдување со електрична енергија за периодот 1.7.-31.12.2022г., АД ЕСМ го испрати до јавноста следното соопштение.

„АД ЕСМ ќе поднесе понуда на јавната набавка на ЕВН Хоме со рок до 24.6.2022г.  АД ЕСМ достави до Влада пресметки и предлози во однос на цената и количините, по што Владата на затворена седница носи одлука со препорачана цена и количина, која се доставува до ЕСМ. Согласно одлуката, ЕСМ во затворена понуда ќе аплицира на повикот на ЕВН Хоме.

Врз основа на направените анализи и пресметки, АД ЕСМ утврди дека е во состојба да ги обезбеди вкупните количини на електрична енергија кои му се потребни на ЕВН Хоме, односно 100 отсто да ги покрие потребите на Универзалниот снабдувач за граѓаните и малите потрошувачи (законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60 отсто), како и  целосно покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродистрибуција и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО“, се вели во соопштението од ЕСМ.

За таа цел, велат од АД ЕСМ, го зголемиле планот за производство на електрична енергија за 2022г. за 20 отсто од производството во 2021г.

„Конзумот на ЕВН Хоме е зголемен за 27 отсто, поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар (деловни субјекти, општини, јавно осветлување).

Дополнителните потреби на ЕВН Хоме и на ЕВН Електродистрибуција ќе ги задоволиме со дополнителна набавка на јаглен за зголемување на производството од термоелектраните Битола и Осломеј, како и обезбедување доволни количини мазут за работа на ТЕЦ Неготино“, велат од ЕСМ во соопштението до јавноста.

Вчера Фактор објави дека АД ЕСМ по затворените тендери за набавка на јаглен за потребите на РЕК Битола, се склучени три договори за испорака на рекордни 550.000 тони јаглен за сума од 1,936 милијарди денари, или приближно 32 милиони евра. Ако во добрите стари времиња се копаше јаглен за неколку евра по тон, сега по сите нови енергетски и геополитички феномени, ќе се купува увезен за околу 55 до 65 евра по тон. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат