„Етнос“: НЕПИТ- името на новата грчка државна радио и телевизија
Објавено во: Балкан 12 Јуни, 2013
Името на новата грчка државна радио и телевизија ќе биде „Нова грчка радио, интернет и телевизија АД“ (НЕПИТ), се наведува во предлог-законот објавен на интернет за кој треба да се води јавна расправа, објави весникот „Етнос“.
Претходно, владиниот портпарол Симос Кедикоглу изјави дека новиот државен медиум ќе почне со работа до 29 август. Во него ќе работат околу 1.200 луѓе и веќе е направен изборот на вработените.
Портпаролот додаде дека сите вработени од ЕРТ ќе добијат отказни решенија и со новите назначувања ќе им се даде приоритет на луѓе со реален придонес за медиумот во сите изминати години.
Според Европската Комисија пак оваа одлука да се затвори ЕРТ е во целосна автономија на земјата-членка на Европската унија.