16 Април, 2024
0.0244

ЕУ бара да се стабилизира македонската економија - еве што препорачаа

Објавено во: Економија 17 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Европската Унија испорача препораки за македонската влада за стабилизирање на домашната економија. 

Се работи за шест препораки кои треба да се реализираат за една година. 

Тие бараат да се воведат правилата - јавниот долг да не надмине 60 проценти од БДП, а дефицитот 3 проценти. Побараа стабилизација на јавниот долг, но и во него да влезат и долговите на јавните претпријатија. Забелешка имаа и за ниската реализација на капиталните инвестиции и порачаа да се реализираат според планот.

„Можеби ќе кажете јавниот долг на Македонија не е толку висок, приближно е 43 проценти оваа година, но тука има еден проблем, а тоа е дека тука не учествува долгот на јавните претпријатија кој што е 10 проценти. Значи доколку ја додадеме и оваа бројка имаме бројка од 53 проценти. Советуваме државата да има поурамнотежен примарен буџет, за да троши толку колку што заработува“- изјави Фреек Јанмаат, раководител на Секторот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ.

Од делегацијата на ЕУ како главни проблеми ги наведоа сивата економија, неинтегрираноста на домашните компании во глобалниот синџир на вредности, како и високата невработеност кај младите која е повеќе од 45 проценти, а просекот во ЕУ е 15%. Побараа да се прецизира мандатот на инспекциските служби и забележаа дека 28 колку што ги има се премногу.

Можеби ќе ве интересира

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери