29 Март, 2024
0.0263

ЕУ БАРА ТУРЦИЈА ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД СИРИЈА: Eрдоган не попушта

Објавено во: Свет 14 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

ЕУ ја повика Турција да ги повлече трупите од Сирија.

Eвропа бараТурција да ги запре едностраните воени операции во североисточна Сирија да ги повлече своите трупи, според усогласената изјава на министрите за надворешни работи на земјите членки.

„ЕУ ги осудува воените дејствија на Турција, кои сериозно ја поткопуваат стабилноста и безбедноста на целиот регионот … Тоа значително ги комплицира шансите на политичкиот процес под воство на ОН за постигнување мир во Сирија. Тоа, исто така, значително го поткопува напредокот постигнат досега од страна на глобалната коалиција против Исламската држава“, стои во изјавата која е поднесената до претствниците на Советот на ЕУ во Луксембург.

Во неа се истакнува дека ЕУ „останува посветена на единството, суверенитетот и територијалната целокупност на сириската држава“.

Сириските државни медиуми објавија по постигнувањето дека сириската армија влегла во градовите Табка, Ајин Иса и Тел Тамер. Тел Тамер е на 35 километри од Рас ал-Ајин кој сега е под контрила на турските трупи, кои соопштија дека го зазеле важниот автопат М4 кој ги поврзува истокот и западот од земјата, на кој се наоѓаат двата града.

Сириската војска почна да пристигнува на северот на земјата, неколку часа откако владата се согласи да им помогне на Курдите да ја запрат турската офанзива.

Курдите го направија договорот со Дамаск откако САД објавија дека ќе ги повлечат сите преостанати војници од Сирија, опишувајќи ја тамошната ситуација како хаотична и многу опасна. Областите под контрола на Сириските демократски сили викендов беа жестоко бомбардирани од турските сили, кои ги окружија пограничните градови Рас ал-Аин и Тал Абјад.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека „без разлика на заканите ќе продолжи со офанзивата до ултимативна победа“. Турција сака да создаде сигурна зона во пограничната област и таму да пресели два милиона сириски бегалци кои сега се на нејзина територија.

Можеби ќе ве интересира

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест