28 Март, 2024
0.0298

ЕУ до Балканот: Ние сме вашата надеж и партнер!

Објавено во: Балкан 16 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Европската унија ќе понуди пари, но не и членство на шесте балкански земји за време на самитот во Софија, кој кулминира со бугарското претседателство со ЕУ.

Според висок европски службеник работите на Балканот не даваат доволно позитивни докази за проширување и во ЕУ го нема потребното единство за отворање на вратите на Унијата, дури и во исцртаните изгледи од Еврокомисијата за 2025 година.

Брисел има подготвено изјава од Софиската средба, во која на земјите им се ветува "европска перспектива", но не и членство, што беше предложено на последната слична средба во Солун пред 15 години.  Иако нема да даде датуми за членство, ЕУ е подготвена да помага за изградба на потребната инфраструктура во регионот, како и да придонесе за подобрување на односите меѓу луѓето, станува јасно од нацртот на завршната декларација од Софија.

ЕУ смета дека тоа ќе биде доволно да даде "надеж и перспектива" на балканските држави да ги отфрлаат обидите на Русија, Кина и други играчи да ги привлечат на своја страна.

"ЕУ е единствениот партнер на Западен Балкан, кој е искрено загрижен за стабилноста на регионот и благосостојбата за иднина на неговите жители, наместо да ги третира како геополитичка шаховската игра, во која луѓето се само пиони". Ова се вели во писмото на претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск, испратено до европските лидери во пресрет на самитот на ЕУ и Западен Балкан.

Според Туск Европа "треба да покаже дека е загрижена за економскиот развој на Западен Балкан денес и веднаш", што е од интерес и за Унијата.

Премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, се очекува да се видат во четири очи за прашањето за името. Премиерот Заев изјави дека е оптимист во решавањето на проблемот во почетокот на јуни, но не и за време на самитот во Софија. Ако се реши спорот за името, Скопје и Тирана најверојатно ќе добијат зелено светло за да започнат разговори за членство.

Според него, прашањето ќе има толку силен позитивен ефект што може да даде импулс на Франција, Белгија и Холандија, кои сега блокираат старт на преговорите со Тирана поради високите нивоа на организиран криминал со албанско потекло.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој ќе е единствениот европски лидер кој ќе отсуствува од самитот во Софија, иако тој ќе учествува во неофицијалната вечера на евролидерите во средата вечер . Причината е што Мадрид не го признава Косово, кое исто така е покането на Софиската средба . Шпанија ќе учествува на пониско ниво на форумот, а останатите четири држави кои не го признаваат Косово - Романија, Словачка, Кипар и Грција ќе испратат своите претставници.

ЕУ планира да ја повтори Софиската средба во 2020 година за време на претседателството на ЕУ во Хрватска, така што повторно ќе ги собере балканските лидери, за да види до каде е стигнато приближување и правење на реформи.

"Тоа што ЕУ ги обновува односите со Баканите, само по себе има позитивен ефект, но во регионот има уште многу работа да се направи и таа е во рацете на националните елити, повеќе отколку во раце на ЕУ", рече високиот европски претставник.

Според него во моментов позитивни сигнали како затоплувањето на односите меѓу Бугарија и Македонија и одредувањето на границите меѓу Косово и Црна Гора не се доволни за надминување на европскиот скептицизам кон ново проширување на Унијата.

Пред средбата ЕУ-Западен Балкан во четвртокот, европските лидери ќе се соберат на неформална вечера, на која се поканети и шефот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и првиот дипломат на Унијата Федерика Могерини. Се очекува главни теми на масата да бидат европската реакција на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран и наметнувањето давачки за увоз на челик и алуминиум. Германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Тереза ​​Меј ќе зборуваат како да се излезе од распаднатиот ирански нуклеарен договор, а еврокомесарот за трговијата Сесилија Малмстром подготвува аргументи што да се прави со трговијата меѓу ЕУ и САД.

Европските лидери, исто така, ќе разговараат за тензиите меѓу Израел и Палестина во Газа и, можеби, реформите во Даблин за европското миграционо законодавство. Последната е приоритет на Бугарското претседателство и се очекува премиерот Бојко Борисов, кој е домаќин на вечерата да зборува на оваа тема. Лидерите ќе зборуваат и за дигиталниот пазар, особено за обработката на големи бази на податоци, како и за предлогот на францускиот претседател Макрон за создавање на Европски совет за иновации кој ќе ги дистрибуира парите кон заслужени проекти. Европската комисија ја претстави идејата во законодавен предлог само еден ден пред состанокот на водачите.

Можеби ќе ве интересира

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор