19 Април, 2024
0.0277

ЕУ ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА СИТЕ ВАКЦИНИРАНИ: Дури шест земји членки на ЕУ набавуваат источни вакцини, иако Брисел сè уште не ги одобрил

Објавено во: Македонија 08 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Голема е веројатноста сите кои се вакцинирани, да може да патуваат во земјите на Европската Унија без ограничувања кога ќе ги воведеКовид-пасошите и дигиталните сертификати за вакцинација. Ова е речиси сигурно откако дури шест земји од ЕУ набавија или објавија набавка на источни вакцини, иако тие сè уште не се одобрени од регулаторното тело на Унијата, пишува денеска српски Блиц.

По Унгарија, која во најголем дел вакцинира и со руски и со кинески вакцини, Словачка во понеделникот набави 200.000 дози „Спутник V“.

Покрај нив, Чешка, очигледно, веќе не може да чека да се одобрат источните вакцини во ЕУ, па премиерот Андреј Бабиќ изјави дека одлуката за набавка на руската вакцина ќе ја донесат националните институции. Слична е состојбата и со Полска, која се повеќе најавува купување кинеска вакцина.

Хрватска ќе одлучи за набавка на руската вакцина следната недела. Хрватските медиуми пишуваат дека тамошната влада ќе донесе политичка одлука за набавка на руската вакцина „Спутник V“. На оваа тема разговараа и австрискиот канцелар Себастијан Курц и рускиот претседател Владимир Путин, па дури и најавија дека овие две земји заедно ќе произведуваат руски вакцини во Австрија.

Од друга страна, по самитот минатата недела, европските лидери донесоа одлука да воведат антиковид-пасош и дигитални сертификати за вакцинација со цел да се регулира трговијата и патувањата во рамките на Унијата. Во исто време, тие не кажаа ниту збор за вакцините кои сè уште не се одобрени во ЕУ.

Инаку, од вчера Македонија е 46.земја која ја регистрираше руската вакцина. На аеродромот во Скопје пристигнаа 3.000 од најавените 200.000 дози. Сега е во тек во забрзана постапка во Европска Агенција за Лекови за да ја испитува делотворноста на вакцината врз основа на резултати од досегашите лабораториски испитувања и истражувања. Во СЗО се разгледува барањето за „Спутник V“ да се вклучи во листата на лекови одобрени од СЗО да се користи во вонредни ситуации.

Имунизацијата ќе продоложи да се одвива согласно Националната стратегија за имунизација објасни министерот за здравство Венко Филипче. Вакцината од производителот „Спутник V“ се чува на -20 степени, а истата е сместена во Поликлиниката Јане Сандански во Скопје.

-Станува збор за замрзнат раствор, тоа значи дека за разлика од фајзеровата вакцина којашто се раствораше и од една вијала се вадеа шест дози ова е една вијала за од 0.5мл за еден корисник на вакцината. Во однос на вакцинацијата има упатство за претпазливост само кај трудници и доилки и никаква друга контраиндикација, значи продолжуваме со Националниот план кадешто најстарите граѓани со хронични болести и тоа што денеска и вчера работеа претставниците на нашиот тим којшто го изготвуваше планот, веројатно дека ќе бидат луѓето сместени во старечките домови. Сите тие со хронични заболувања ќе бидат известени преку своите матични лекари да дојдат до пунктовите коишто ќе бидат најблиску до местото на живеење, а во делот на старечките домови ќе се спроведе таму во домовите кајшто се старите лица сместени, изјави Филипче.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите