25 Април, 2024
0.0282

ЕУ и дава на Македонија 70 милиони евра за пругата со Бугарија

Објавено во: Економија 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија ќе добие 70 милиони eвра од Европската унија за да се комплетира железничката линија, која ќе ја поврзе со Бугарија. Ова го соопшти на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, велејќи дека оваа сума е 46% од вкупната вредност на делницата Белјаковце-Крива Паланка од пругата.

Останатите средства ќе бидат обезбедени со кредити, најверојатно од Европската банка за обнова и развој, рече вицепремиерот и додаде дека неговата земја е најголем победник на самитот во Трст кој се одржа пред два дена а во кој учествуваа земјите од Западен Балкан.

Сумата за железничката линија е дел грантот во износ од 194 милиони евра, која ќе биде доделена од Европската унија за изградба на инфраструктурата во Западен Балкан.

Ангушев посочи дека во последните 2-3 години сите средства од европските фондови, за кои Македонија апликацирала, биле блокирани, а добивањето на овие 70 милиони евра е признание за „реформистичкиот талент“ на новата влада.

Предметното прашање е дел од железничката пруга од Коридорот 8, која треба да се поврзе Црното со Јадранско Море, поминувајќи низ Македонија.

„Со финансиска поддршка за Коридорот 8, ЕУ сака да испрати порака дека земјите на Балканот треба да бидат подобро поврзани во рамките на регионот и дека треба да ја интензивираат соработката. Преку подобрување на инфраструктурата, луѓето и фирмите ќе комуницираат многу полесно“, истакна вицепремиерот.

На средбата во Трст завчера беше парафиран договор за „транспортна унија“, кој предвидува поврзување на сите земји од Западен Балкан со ЕУ преку сите коридори во регионот. Договорот беше потпишан од сите земји од Западен Балкан, со исклучок на Босна и Херцеговина.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди