25 Април, 2024
0.0264

ЕУ ја искара Приштина, Харадинај упорен за таксите кон соседите

Објавено во: Балкан 29 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Канцеларијата на Европската унија во Приштина Канцеларијата на Европската унија во Приштина ја повика денеска косовската Влада да ја преиспита одлуката со која се воведува такса од 100 отсто на производите од странски компании кои се увезуваат во Косово од Србија и од Босна и Херцеговина.

– Со загриженост ја гледаме одлуката на Косово да ја прошири таксата од 100 отсто за производи од меѓунардоно признаени марки од други земји, вклучително земји на ЕУ, кои се произведени во Србија и во Босна и Херцеговина, се наведува во соопштението на ЕУ амбасадорите.

ЕУ повторно ја повика Владата во Приштина да ја отповика одлуката и посочува дека овие царини не се во духот на добрососедските односи и регионалната соработка.

– Ова би било правата одлука за да напредуваат европските аспирации на Косово и неговиот народ, се истакнува во соопштението.

ЕУ уште еднаш побара од сите страни да се воздржат од постапки кои ја поткопуваат европската порака за регионална соработка.

Брисел ги повикува и Косово и Србија да се воздржат од дејствија кои би биле во спротивност со барањата на ЕУ за регионална соработка.

Косовската Влада вчера донесе одлука со која со воведува такса од 100 отсто на увозот на стоки од странски компании кои имаат свои производни погони во Србија и БиХ.

Претходно, на 21 ноември, Владата на Харадинај воведе такса од 100 отсто на производи од двете земји, но таа мерка не важеше за странските брендови кои се увезуваат од тие земји.

Со новата мерка сите стоки кои ќе се увезуваат од Србија и од БиХ ќе треба да платат такса во висина од 100 отсто од нивната вредност. Како што беше претходно објавено, во овој случај станува збор за девет познати меѓунаордни брендови.



Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци