ЕУ ја предупреди Црна Гора
Објавено во: Балкан 12 Мај, 2018
ЕУ ја предупреди Црна Гора дека нејзините напрори да се приклучи во блокот ќе претрпат неуспех, освен ако не направи повеќе да ги заштити новинарите и медиумските слободи.
Комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан денеска ја даде изјавата, по средбата со новинарката на дневниот весник „Вијести“ Оливера Лакиќ, која известува за криминал и корупција.
Лакиќ на 9 мај беше застрелана и повредена пред нејзиниот дом во главниот град Подгорица.
Пукањето беше „јасно дека е напад врз медиумските слободи, врз слободата на изразување, една од вредностите на ЕУ“, рече Хан.