ЕУ ќе ни ја заклучи вратата ако не го изгласаме референдумот за името
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2018
За најмалку една деценија Европската унија ќе и ја затвори вратата на ЕУ доколку договорот од Преспа пропадне.
Вака некако звучат предупредувањата од европскиот комесар Јоханес Хан кој во понеделник доаѓа во Скопје.
Земјата ќе биде блокирана и ризикот од изолација е неизбежен Ќе се соочите со бавен економски и социјален развој-вели Хан во интервјуто за МИА.
Тој додава дека сепак не е само прашањето со името кое мора да се реши и исполни за да Македонија добие датум за преговори со ЕУ.
„Има и други елементи кои треба да се исполнат. Може да разговараме за формулациите, но содржински нашите процедури не би биле различни дури и да беше различно формулирано. Затоа што во секој случај ние мораме да го подготвиме отворањето на преговорите, на начин што кога ќе го добиеме зелено светло, кон средината на идната година, тоа ќе биде возможно само ако домашните задачи се направени дотогаш од страна на владата во Скопје“- потенцира Хан.
Досега неколкумина важни претставници од унијата дојдоа во земјава да и дадат поддршка на владата на премиерот Заев во однос на референдумот.
Највлијателната жена во Европа - Меркел беше исто така угостена и лично даде ветер во грб .