EУ ќе предложи нов систем за преговорите за членство?
Објавено во: Свет 12 Јули, 2018
Хрватскиот весник „Вечерњи лист“ објави дека Европската комисија се подготвува на есен да предложи нов систем на донесување за преговорите за членство во ЕУ.
Според пишувањата, повеќе нема да биде потребна едногласна одлука на сите земји членки, туку само квалификувано мнозинство.
„Европската комисија се подготвува на есен да предложи во иднина за претпристапните преговори за државите кандидати за членство во ЕУ, повеќе да не биде потребна едногласна одлука на сите земји членки, туку квалификувано мозинство, со што би можеле да бидат надгласани оние што би се обиделе да блокираат“- објави весникот.
Според „Вечерњи лист“, ваквиот предлог се должи на досегашните лоши искуства во преговорите, како во случајот со Хрватска, која се обиде, но не успеа, да ги блокира преговорите на Србија по поглавјето 23 за правосудството.