18 Април, 2024
0.0253

ЕУ НЕ САКА СОСТАНОК СО ПУТИН: Меркел потврди, а што е причината?

Објавено во: Свет 25 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел потврди дека лидерите на Европската унија не постигнале договор за самитот со Русија предложен вчера од Берлин и Париз.

Балтичките земји ја истакнаа потребата од повнимателен пристап кон ова прашање.

„Тоа беше многу сеопфатна и не многу лесна дискусија“, истакна германскиот канцелар пред новинарите по првиот ден од разговорите во Брисел, пренесува Ројтерс.

Меркел рече дека лидерите на ЕУ ги редефинираат условите под кои тие се подготвени да соработуваат и тесно да комуницираат со Русија, но дека нема договор за самитот.

Европската унија е длабоко поделена во пристапот кон Москва, а членките кои се граничат со Русија го отфрлија француско-германскиот план за продолжување на официјалните средби со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува АП.

Во изјавата во раните утрински часови денес, лидерите на ЕУ рекоа само дека „ќе ги испитаат форматите и условите за дијалог со Русија“, а не беа објавени средби на високо ниво или планови за самит со рускиот претседател Владимир Путин.

Балтичките земји нагласуваат дека е потребно нормализирање на односите меѓу ЕУ и Русија, но дека на ова прашање мора да се пристапи со претпазливост.

"Мора да бидеме претпазливи за вистинските намери на режимот на Путин. Засега не гледаме никаква радикална промена во однесувањето на Русија", им рече литванскиот претседател Гитанас Науседа на новинарите на самитот на ЕУ во Брисел.

Другите балтички држави, Естонија и Летонија, исто така се длабоко загрижени за контактите со Москва во време кога не се почитуваат договорите од Минск насочени кон мир во Украина, бидејќи Русија сè уште е во конфликт со сепаратистите поддржани од Русија.

Претседателот на Естонија, Каја Калас, рече дека податоците на разузнавачките служби потврдуваат дека санкциите против Москва функционираат и дека Европската унија мора да покаже трпеливост.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера во Брисел оцени дека дијалогот на ЕУ со Русија е неопходен за стабилноста на европскиот континент, но исто така посочи дека ЕУ не се откажува од своите вредности и интереси во дијалогот со Москва.

Франција и Германија предложија самит на ЕУ и рускиот претседател Владимир Путин, а Москва вчера изјави дека ги поддржува сите иницијативи што можат да го поттикнат дијалогот меѓу Брисел и Русија.

Русија е најголем снабдувач на природен гас во ЕУ и игра клучна улога во голем број меѓународни конфликти и прашања поврзани со европските стратешки интереси, вклучително и иранскиот нуклеарен договор и конфликтите во Сирија и Либија.


Можеби ќе ве интересира

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ОВА СЕ 100-те НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ: Магазинот Тајм ја објави листата за 2024 година - ќе се изненадите кој се сѐ најде на листата

ОВА СЕ 100-те НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ: Магазинот Тајм ја објави листата за 2024 година - ќе се изненадите кој се сѐ најде на листата

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПОЛИЦИЈАТА ВОЗИ „ФЕРАРИ“, ПРАВАТ ДОЖД СО ДРОНОВИ, А НЕ ТОЛКУ ОДАМНА ИМАА САМО ЕДНА ВИСОКА ЗГРАДА: Неверојатни факти за Дубаи

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПОЛИЦИЈАТА ВОЗИ „ФЕРАРИ“, ПРАВАТ ДОЖД СО ДРОНОВИ, А НЕ ТОЛКУ ОДАМНА ИМАА САМО ЕДНА ВИСОКА ЗГРАДА: Неверојатни факти за Дубаи

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ОТКАЖА ОД БРИТАНИЈА? Еве кои се причините за тоа

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ОТКАЖА ОД БРИТАНИЈА? Еве кои се причините за тоа

СЕМЕЈСТВАТА ПРОДАВАЛЕ НАКИТ ЗА ДА ЈА ПЛАТАТ ПРОЦЕДУРАТА: Во напад на клиника во Газа се уништени 4.000 ембриони

СЕМЕЈСТВАТА ПРОДАВАЛЕ НАКИТ ЗА ДА ЈА ПЛАТАТ ПРОЦЕДУРАТА: Во напад на клиника во Газа се уништени 4.000 ембриони

ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО БЕЛГОРОД: Вагнер ќе се спрема за напад на Харков?

ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО БЕЛГОРОД: Вагнер ќе се спрема за напад на Харков?