ЕУ НЕ ЖАЛЕЛА ПАРИ: Еве каде и во што се вложени 27 милијарди евра
Објавено во: Економија 21 Април, 2019
Европа во 2018 година вложила 27 милијарди евра во ветроелектрани.
Како што покажува годишниот извештај на компанијата „Wind Europe“, ќе се финансира рекордна количина на нови капацитети за производство на енергија од ветер.
-Енергијата од ветер заземала 60 посто од сите нови вложувања во капацитетите за производство на електрична енергија во Европа минатата година-изјавил извршниот директор на „Wind Europe“ Џил Дикинсон, пренесува „њуз јуроп“.
Тоа, како што кажал, била рекордна година за количината на инсталирани нови капацитети за производство на енергија од ветер, пишува Bizlife.
-Намалувањето на трошоците значи дека инвеститорите сега добиваат повеќе мегавати по евро кое го вложуваат. Но Европа мора да продолжи да вложува значајни средства во енергија на ветер ако сака да ја оствари поставената цел од 32 посто обновливи извори на енергија-изјавил Дикинсон додавајќи дека пари има, но дека нема доволно исплатливи проекти.