ЕУ нуди помош на Албанија по силниот земјотрес
Објавено во: Балкан 22 Септември, 2019
ЕУ нуди помош на Албанија за штетите кои настанаа по силниот земјотрес вчера.
Билансот на повредени се искачи на 105 луѓе, но се оштетени и стотици згради и куќи, јави Асошиејтед Прес, а пренесе 24casa.bg.
„ЕУ веднаш понуди помош“, напиша на својот Твитер досегашниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан.
Албанските медиуми пренесоа дека околу 500 луѓе ја поминале ноќта надвор од своите домови, во шатори или под отворено небо, затоа што им било страв да се вратат во своите домови.
Екипите за проценки на штетите се на терен, во текот на денот или утре ќе се знае точната сума на штетите.