ЕУ ОСТАНА БЕЗ ВАКЦИНИТЕ ОД ФАЈЗЕР: На состанок на ЕУ ќе се разговара за нова стратегија
Објавено во: Свет 25 Јануари, 2021
Европската Унија и оваа недела остана без вакцините ветени
од компанијата Фајзер, а оттаму велат дека немаат доволно производство. Во меѓувреме,
или поконкретно на 23.јануари Фајзер објави дека е потпишан нов договор
со американската влада за нарачка на нови сто милиони дози од вакцинатаи тоа во текот на април, мај и јуни, што
дополнително ја налити Европската Унија.
Ова е причина, шефовите на диипломатиите на земјите-членки на Унијата денеска да разговараат за нова стратегија за дистрибуција на вакцините, како во земјите на ЕУ, така и во земјите од западен Балкан.
Набавка на вакцините во Европа е првата точка на дневниот ред на состанокот, и се очекува да се каже каква ќе биде стратегијата на Унијата за еднаква дистрибуција во сите земји, вклучително и во Западен Балкан.