23 Април, 2024
0.0353

ЕУ ПОДГОТВЕНА ЗА ВОЈНА СО АМЕРИКА: Ако воведете царини, ќе го направиме истото

Објавено во: Економија 03 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

ЕУ жали што САД имаат намера да воведат дополнителни тарифи за увозот од ЕУ.

„Ако САД преземат мерки, тоа ќе ја натера ЕУ во ситуација да треба да го стори истото“, изјавила комесарката за трговија на ЕУ, Сесилија Малмстром.

Предупредувањето на Брисел за навремено прекинување на можната „трговска војна“ меѓу САД и ЕУ се случи откако Светската трговска организација го поддржа барањето на САД за воведување царини на европските производи, поради нелегалните субвенции што му ги доделиле европските влади на производителот на авиони „Ербас“.

САД најавија царини од 10 проценти за производите на европските авиоиндустрии и 25 проценти за другите европски производи, почнувајќи од месо и млечни производи, маслинки, кафе, па дури и волнени облеки донесени во ЕУ.

„ЕУ жали за намерата на САД да воведе царини за увозот од ЕУ. Ова првенствено ќе влијае на американските потрошувачи и компании и ќе ги комплицира понатамошните преговори“, рече портпаролот на Европската комисија, Даниел Росарио.

Европската комисија соопшти дека ги разгледува сите можни европски контрамерки во случај САД да ги воведат најавените царини , но додаде дека ЕУ сака да се фокусира на изнаоѓање решение.

Во Брисел потсетуваат дека во почетокот на следната година се очекува одлука на Светската трговска организација за случајот „Боинг“, која ќе му даде за правото на ЕУ да воведе царини за американски производи заради нелегални субвенции на производи од  САД.

„ЕУ е подготвена да работи заедно со САД на фер и урамнотежено решение за двата авиоиндустрии“, рече Росарио.

Тој оцени дека и САД и ЕУ направиле грешки кога станува збор за правилата за субвенционирање на СТО.

Додал и дека ЕУ веќе дала предлог за нов режим за субвенционирање на авиоиндустријата од двете страни на Атлантикот.

Понатамошните состаноци помеѓу тимовите на ЕУ и САД за ова прашање ќе продолжат во рамките на Светската трговска организација, речено е од Брисел.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска