ЕУ повика на примирје меѓу Израел и Палестинците, само една земја не се согласува
Објавено во: Свет 18 Мај, 2021
Министрите за надворешни работи на Европска Унија ги повикаа Израел и палестинските милитантни групи на прекин на огнот.
Сепак, Унгарија, најблискиот сојузник на Израел од блокот, одби да им се придружи на останатите 26 членки кои повикаа на примирје во денешниот видеоповик. Европските министри порачаа дека ЕУ ќе се обиде да покрене мировен процес заедно со САД, Русија и Обединети нации.
ЕУ е поделена околу директната поддршка на завојуваните страни. Осум помали земји, како Белгија, Финска и Ирска, гласно ја бранат Палестина, додека други како Австрија, Чешка, Грција и Полска го бранат Израел.
Израел и палестинските групи не покажуваат знаци на попуштање откако влегоа во втората недела на жестоки меѓусебни бомбардирања, во кои досега загинаа вкупно 227 луѓе, од кои 63 деца. Израел кажа дека од Газа досега биле испукани повеќе од 3.400 ракети.
Поради израелските напади во Појасот Газа се раселени 38.000 Палестинци.