ЕУ САКА ДОПОЛНИТЕЛНО ДА ЈА КАЗНИ РУСИЈА: Планира намалување на ценовната граница за руската нафта на 50 долари за барел

Објавено во: Економија 20 Мај, 2025 09:14
Европската Унија има намера да им предложи на земјите од Г7 намалување на ценовната граница за руска нафта испорачана по море, објави Ројтерс, повикувајќи се на претставници од Брисел.
Според изворите, Европската Унија оваа недела ќе им предложи на министрите за финансии на земјите од Г7 новата граница да биде поставена на 50 долари за барел.
Иницијативата е ревизија на постојното ограничување од 60 долари за барел, кое стапи на сила на 5 декември 2022 година како дел од западните санкции против Русија.
Да ве потсетиме дека од тој датум, ЕУ го суспендираше увозот на руска нафта транспортирана по море, а заедно со земјите од Г7 и Австралија воведе ограничување на цените.
Забранета е испорака и осигурување на руска нафта по цена повисока од 60 долари за барел. Слични мерки беа воведени за руските деривати од февруари 2023 година.
Се очекува предлогот за намалување на ограничувањето на цените да биде разгледан на претстојниот состанок на министрите за финансии на Г7 во Канада.
Како одговор на овие мерки, рускиот претседател Владимир Путин издаде декрет со кој се забранува извозот на нафта и нафтени деривати доколку договорите директно или индиректно содржат клаузули за максимална цена.
Инаку, и покрај санкциите, Русија успеа да одржи значаен дел од своите приходи од извоз, пренасочувајќи го извозот на нафта кон земји како Индија и Кина.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ КОНТРА МИЦКОСКИ: Државниот долг за две години ќе достигне 12 милијарди евра

ФИЛИПИНЦИ, ИНДИЈЦИ, КОСОВЦИ: Колку странци работат во Албанија?

ЌЕ СТРАДА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА: ММФ даде прогноза што ќе донесе зголемувањето на цената на нафтата

Русија и Ирак во паника: Конфликтот „ја зема“ нафтата

АКО САКАТЕ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТА: Еве како да го побарате и добиете

ТРАМП: Ве следам, не ја зголемувајте цената на нафтата

(ВИДЕО) МИЛОШЕСКИ ОД АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА: Јас ова што го работам, би го работел и без пари

Одобрена е првата продажба на запленетиот имот на Мијалков и Груевски, се очекуваат почетни 3,5 милиони евра
