ЕУ се плаши од нуклеарна војна меѓу САД и Северна Кореја
Објавено во: Свет 12 Август, 2017
ЕУ стравува од ескалација на односите меѓу САД и Северна Кореја што може да резултира со воен конфликт, па дури и употреба на нуклеарни боеви глави.
Затоа високиот претставник на Европската унија за прашањата за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини свика итна средба на амбасадорите на земјите од Европската унија по повод тензиите меѓу САД и Северна Кореја, соопшти германското издание Der Spiegel.
Во рамките на преговорите, кои треба да се одржат во понеделник, 14 август, ќе треба да бидат разгледани “следните можни чекори” на ЕУ во кризата, истакна портпаролот на Брисел во доцните часови во петок.