28 Март, 2024
0.0276

ЕУ СЕ ПРЕДОМИСЛИ, нема да даде грант од 28 милиони евра за Драч, има резерви за транспарентноста на албанската влада

Објавено во: Балкан 24 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Проектот промовиран од офшор компании и поддржан од албанската влада за изградба на марина за јахти и блок апартмани и хотели, ја доведе Европската унија до екстремна одлука во однос на финансирањето. ЕУ го откажа грантот од 28 милиони евра што го стави на располагање Инвестицискиот фонд за Западен Балкан, со цел реконструкција на Пиерс 1 и 2, во западниот терминал на пристаништето.

Ова веќе го потврдиле од канцеларијата на Делегацијата на Европската Унија во Тирана, која отворено изразила резерва за модификацијата на проектот и недоволната транспарентност од албанската влада. Како резултат на измената на проектот и промената на употребата на сегашното пристаниште, ЕУ го откажа преостанатиот инвестициски грант од WBIF за претходниот проект за пристаниште. ЕУ ги следеше дискусиите во Собранието за предлог-законот за обнова на пристаништето Драч и чека појаснување од владата.

Според описот на официјалната веб-страница на пристанишната управа на Драч, инвестицијата финансирана од ЕУ би овозможила зголемување на преработувачките капацитети на бродовите, зголемување на проектираната длабочина за закотвување на бродови со голема тонажа, како и бидејќи би ја зголемила стабилноста на кејовите за високи тонажи, објавува „Политико.ал“.

Партнери и донатори на овој проект, кој изнесуваше вкупно 62 милиони евра, беа владите на повеќе европски земји, меѓу кои Германија, Франција, Италија и уште неколку организации. Откажувањето на грантот од ЕУ се чини ќе доведе до повлекување од оваа инвестиција на Европската банка за обнова и развој и 25 милиони евра. Понатаму, Канцеларијата на ЕУ во Тирана соопшти дека проектот за марина за јахти е ставен под надзор на ЕУ бидејќи може да биде во спротивност со Договорот за стабилизација и асоцијација.

Што се однесува до трговскиот договор меѓу Албанија и Обединетите Арапски Емирати, ЕУ ќе продолжи да ја следи важноста за ССА и усогласеноста со него, во дијалог со албанските институции. Се консултираме и со владините претставници за инвестициските приоритети.

Пред само два дена, шефот на Капетанијата на пристаништата во Драч, Пиро Венгу, на сослушување во Комисијата за производни активности изјави дека владата наскоро ќе го отвори тендерот за новото комерцијално пристаниште што ќе се пресели во Порто Романо. Самиот преговарачки тим призна дека од вечерата на Нусрет на која присуствуваше познатиот бизнисмен Самир Мане до постигнувањето на договорот за марина за јахти, инвеститорот инсистирал итно да се демонтира комерцијалното пристаниште, но тоа било отфрлено од владата.

Тамошните медиуми дополнуваат дека на официјалната веб-страница на „Инвестициската рамка на Западен Балкан“, овој проект веќе има статус „откажан“.

- Во описот на проектот на оваа страница, инвестицијата финансирана од ЕУ би овозможила зголемување на преработувачките капацитети на бродовите, зголемување на проектираната длабочина со цел закотвување на бродовите со голема тонажа како и зголемување на стабилноста на кејовите за високи тонажи, наведува телевизијата.

Пристаништето Драч моментално  третира околу 90 отсто од поморската размена на земјата во тонажа и 53 отсто од целата меѓународна трговија.

– Терминалот има вкупно пет столбови и има површина од 92.680 квадратни метри. Столбовите 1 и 2 се во лоша состојба. Првиот е изграден во 1972 година, а вториот помеѓу 1945 и 1951 година. Извршена е одредена рехабилитација во 1994 година. Сепак, подводните структурни елементи покажуваат знаци на значителна корозија, што го спречува безбедното работење на големите товарни капацитети, наведува истиот извор.

Со проектот требало да биде  рехабилитирана и железничката врска помеѓу Тирана и Драч, како дел од коридорот на основната транспортна мрежа, зајакнување на врските на Албанија со Хрватска и Италија. Покрај тоа, тоа ќе им било овозможено на Косово и на Северна Македонија пристап до поморските транспортни рути,  стои во описот на проектот, од кој ЕУ веќе се повлече.

Откажувањето на проектот доаѓа кога се очекува албанскиот Парламент денеска по итна постапка, со просто мнозинство,  да го изгласа договорот за новиот проект за трансформација на пристаништето Драч.

Проектот на кој опозицијата остро се спротивстави, сметајќи го за мега корупциска афера, веќе го испрати до Уставниот суд. Дополнително, поради раскинати договори за концесии на Драч, Албанија е пред казни со  милионски износи. 

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор

ПОТРАГАТА ПО ДАНКA ИЛИЌ (2) ПРОДОЛЖУВА: Се пребарува реката

ПОТРАГАТА ПО ДАНКA ИЛИЌ (2) ПРОДОЛЖУВА: Се пребарува реката