29 Март, 2024
0.0266

Eurohold доби одобрение од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водостопанство за превземање на филијалите на Групацијата CEZ во Бугарија

Објавено во: Мои пари 25 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Eurohold од Бугарија, сопственикот на една од водечките компании за осигурување во С.Македонија, Евроинс Осигурување, доби одобрение од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водостопанство од Бугарија  за превземање на филијалите на  Чешката Компанија за Енергетика на Групацијата CEZ во Бугарија. 

На овој начин, Eurohold ги доби сите потребни одобренија од Овластените органи во Бугарија за спроведување на превземањето. Зделката е одобрена од Бугарската Комисија за заштита на конкуренцијата на 29-ти октомври 2020 година. 

Следната фаза во процесот на превземање ќе биде потпишување на  финансиските договори и трансферот на акциите. Eurohold ќе го финансира превземањето со комбинација на сопствен капитал и позајмен капитал обезбеден од водечките глобални инвестициски банки.

" Добивме одобренија од Бугарските регулаторни органи за антимонополска управа и енергетика, и веќе можеме да пристапиме кон финансирање и реализирање на зделката. Имаме поддршка од глобални инвестициски банки со солидно искуство во обезбедување на финансирање за такви трговски зделки. По завршување на превземањето, нашиот стремеж е да станеме водечки регионален обезбедувач на услуги во осигурувањето и сервисните дејности“, изјави Васил Стефанов, Директор за спојување и аквизиција на компании во Eurohold Бугарија.

Eurohold ќе го стекне бизнисот на Групацијата CEZ во Бугарија преку својата филијала посебно формирана и лоцирана во Холандија - Еastern European Electric Company B.V. (EEEC). Зделката вклучува превземање на  вкупно седум филијали на Групацијата CEZ во Бугарија (вклучително и 67% од најголемата електрана за Дистрибуција на CEZ и најголемитот снабдувач на енергија CEZ Electro од Бугарија), 100% од акциите на најголемиот лиценциран трговец со електрична енергија во Бугарија CEZ Trade како и 100% од CEZ Bulgaria – компанија која ги координира и менаџира  сите филијали на Групацијата CEZ во Бугарија. 

CEZ е наголем енергетски снабдувач и дистрибутер на електрична енергија во Бугарија, кој обслужува околу 3 милиони клиенти во најнаселениот југозападен дел на земјата, вклучувајќи го и главниот град на Бугарија, Софија. Во 2019 CEZ Бугарија прикажале вкупни приходи и средства од БГН 1.4 милијарди (Еур.700 милиони). Компанијата има над 3000 вработени во Бугарија. 

Со стекнувањето на бизнисот на Групацијата CEZ во Бугарија, Eurohold ќе се фокусира на два главни сектори долгорочно - осигурување и енергетика. Вкупните средства и приходи на холдингот во делот на осигурувањете и енергетиката ќе ја надминат вредноста од БГН 3 милијарди (Еур. 1.5 милијарди), притоа обслужувајќи повеќе од 7 милиони клиенти и вработувајќи над 6000  лица. 

ПР-објава

Можеби ќе ве интересира

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца