25 Април, 2024
0.0259

Еуромакс со порака до граѓаните - нема да загадуваме, безбедни сме

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Проектот Иловица-Штука е проект од национално значење. Исто така тој е најголемиот проект за странски директни инвестиции во Македонија, велат во писмено соопштение за медиумите од компанијата Еуромакс рисорсис, по денешните протести на граѓаните пред Владата.

„Направивме повеќегодишни истражувања на влијанијата врз животната средина, дизајнирање на проектот, спроведување проценки на влијанието и работење со локалната заедница за да го подобриме дизајнот. Еуромакс е посветен на заштита на животната средина и одржливоста на проектот. Ниту еден научник или инженер не смета дека има безбедносни проблеми со рудникот. Рудникот ќе ги користи најновите технологии од Америка и Европа и ќе финансираме независно тестирање за да се обезбеди дека се придржуваме на нашите ветувања“, велат од компанијата.

Додаваат дека разбираат оти локалните земјоделци се горди на своите производи и тоа нема да се промени. 

„Нема да има влијание врз земјоделството. Проектот нема да ја намали водата за наводнување. Нема да загадува. Тоа нема да ги намали приносите на земјоделски култури. Нема да влијае на органското земјоделство“, тврдат од компанијата.

Според нив, рударските проекти ширум светот живеат во склад со локалните заедници и со локалното земјоделство. Такви примери има тука во Македонија и на други места на Балканот. 

Од компанијата нагласуваат дека проектот ќе донесе инвестиции, илјадници работни места, а од нивните даноци ќе вложува со подобрување на локално образование и здравствена заштита, како и за национални социјални програми. Како најголема странска директна инвестиција велат дека ќе имаат позитивно влијание врз националната економија.

А, од Еуромак Рисорсис потврдуваат дека за ситуацијата бараат решение преку судовите, при што се сигурни во својата позиција.

„Имаме неколку активности  во Скопје околу дозволите и во моментов бараме решение за ситуацијата преку судовите. Еуромакс останува сигурен во својата правна позиција“, велат од компанијата.

Соопштението следува откако денеска, со транспаренти на кои пишуваше „Веднаш“, околу стотина граѓани од струмичкиот крај и други еко активисти дојдоа на протест пред Владата, со намера да извршат притисок врз владините функционери конечно да ја донесат одлуката за раскинување на договорот со канадската компанија Еуромакс рисорсис, што би значело дека рудникот во Иловица-Штука дефинитивно нема да се гради.

Според нив, иако и е одземена концесијата на Еуромакс рисорсис, таа сега се жали, односно поднесена е тужба и предметот сега е пред Управниот суд.

„Нашите барања се таа конечна одлука да се донесе веќе на наредната владина седница. Да не се чека повеќе, бидејќи тоа нема да може да се направи кога ќе се формира техничката Влда. Ако таа одлука не се донесе до техничката Влада, и ако потоа настане непријатност за граѓаните од рудникот, чија ќе биде одговорноста“, изјавија протестирачите.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?