28 Март, 2024
0.0256

ЕуроНикел: Транспарентно и со конкретни инвестиции работиме за иднината на ФЕНИ Индустри

Објавено во: Мои пари 18 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

ГСОЛ, заедно со своето претставништво ЕуроНикел договара средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и советниците на Општина Кавадарци на која ќе ги запознаат со планот за реорганизација на ФЕНИ Индустри, што сè досега беше направено за спас на фабриката и кои се идните планови.

Во соопштението до медиумите се посочува следново: 

„ГСОЛ/ЕуроНикел смета дека е од суштинска важност претставниците на локалната самоуправа да бидат запознаени со предностите на планот за реорганизација, со што ќе се избегнат можни дезинформации кои би биле на штета на компанијата и на вработените и нивните работни места.

На средбата, ЕуроНикел ќе ги презентира сите чекори што досега беа направени од ЕуроНикел за спас на ФЕНИ, планот за реорганизација и идното инвестирање во комбинатот и како тоа ќе се одрази врз развојот на целиот регион и ќе се појасни дека се друго од овој план е на штета на ФЕНИ и може негативно да се одрази врз иднината на компанијата.

ГСОЛ, преку своето претставништво ЕуроНикел досега ги исплати сите доверители на ФЕНИ чии побарувања беа влезени во стечајната маса, се отиде и чекор понатаму со исплата на транспортерите од Кавадарци кои не беа влезени во стечајната маса, за што се дадени 3,1 милион евра и истите со нови договори веднаш повторно се ангажирани. Своите намери за ФЕНИ, ГСОЛ ги потврди и со излегување на огласот за преработка на никелова руда, каде беше единствената компанија која даде гаранција преку сопствени ресурси за руда, инвестиција од 3 милиони евра и дополнителна банкарска гаранција од 5 милиони евра. Овој чекор беше клучен во спасот на ФЕНИ и егзистенцијата на вработените. Гаранција за иднината на ФЕНИ е и обезбедување на рудни ресурси за понатамошна работа на ФЕНИ, а ГСОЛ располага со ресурси на висока квалитетна руда што обезбедува работа за фабриката на долг период. Во досегашното работење со ФЕНИ Индустри, ГСОЛ, ЕуроНикел преку договорот за преработка успеа да го одржи во живот ФЕНИ во текот на целата стечајна постапка, но уште повеќе ја обезбеди егзистенцијата на вработените со редовна плата од 500 евра како и со договори со транспортерите, со што го врати оптимизмот во ФЕНИ и се стекна со доверба меѓу вработените“.

Се посочува дека за разлика од ГСОЛ/ЕуроНикел ни една друга компанија освен декларативно покажување интерес за ФЕНИ, не вложила ни еден денар во исплаќање на побарувањата кон доверителите, во платите на вработените или во каква било инвестиција во фабриката. Секој друг чекор и враќање на процесот назад, ќе предизвикаа ФЕНИ повторно да биде затворен, печките да не работат а работниците да останат без сигурен месечен надомест. 

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село