25 Април, 2024
0.0982

ЕуроНикел: Успешно реализирана првата фаза на откуп на побарувања во ФЕНИ Преку 60 милиони eвра инвестирани во иднината на ФЕНИ досега

Објавено во: Мои пари 24 Март, 2018

Добивај вести на Viber

ГСОЛ, директно и преку неговото македонско друштво ЕуроНикел, успешно ја продолжува инвестицијата поврзана со иднината на ФЕНИ Индустри. Досега се инвестирани над 60 милиони евра во рестартирање на фабриката и откуп на побарувањата кон оваа компанија во тешкотии, со план за дополнителни инвестиции во наредните недели. Производството на фероникел беше обновено на почетокот на март, а вработените, транспортерите и другите добавувачи се вратија на редовните активности.

По објавата минатата недела, ЕуроНикел пристапи кон комерцијални разговори со необезбедените доверители чии побарувања беа утврдени во стечајната постапка на ФЕНИ. Повеќе од 80% од вкупниот број необезбедени доверители одговорија позитивно и досега се потпишани договори со поголемиот дел од нив. Првите исплати по потпишаните договори беа направени минатиот четврток и петок, а процесот ќе продолжи од понеделник следната недела.

Покрај необезбедените доверители, ГСОЛ го заврши и преземањето на побарувањата на трите локални банки кон ФЕНИ, по што во петокот поднесе официјално известување до Судот во Велес дека тие побарувања се преземени и ја потврди намерата за поднесување план за реорганизација, заради континуитет на активностите за производство на фероникел.

ЕуроНикел ги охрабрува сите останати доверители кои сé уште не ги контактирале и не започнале преговори, да стапат во контакт со правните советници, Адвокатското друштво Поленак, за преземање следни чекори.

Ние сме големи оптимисти во врска со динамиката со која се одвиваат работите и брзината со која ги започнуваме позитивните промени во ФЕНИ. Секоја од овие промени значи чекор напред кон сигурна, продуктивна и профитабилна иднина за комбинатот и колку побрзо ги поместиме активностите на ФЕНИ надвор од стечајната постапка, ќе можеме да се посветиме кон засилено производство и пласман на производите на фероникел на европскиот и светскиот пазар. Плаќањето на утврдените обезбедени и необезбедени доверители е еден од клучните чекори во таа насока“, рече Маркос Камхис, директор на ГСОЛ, матичната компанија на ЕуроНикел, по неговата посета на Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет