19 Јули, 2025
0.0301

ЕВАКУАЦИЈА НА НАШИ ДРЖАВЈАНИ ОД ИЗРАЕЛ: Со владин авион ќе бидат вратени во Македонија

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2025 17:11

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изјави дека вкупно 28 лица се пријавиле да бидат евакуирани од Израел и оти евакуацијата ќе се врши со владиниот авион. Истакна дека најдоцна до утрешниот ден, осум наши државјани, од кои четири деца, ќе заминат во Египет и со авион на Владата, придружени од безбедносен конвој ќе пристигнат во Скопје.

-Веднаш по добиените информации за ескалацијата на состојбата на Блискиот исток, Министерството, преку нашата амбасада во Израел започна активности за евакуација на наши граѓани. Формиран е и кризен штаб за нивно безбедно извлекување. Согласно најновите информации, 28 државјани побарале поддршка за евакуалција. Очекуваме осум наши државјани до крајот на денов или најдоцна утре да се префрлат на безбедна територија. Ќе се организира и безбеден конвој за транспорт кон Египет. Втората група се очекува да го напушти Израел веднаш по воспоставување редовен авионски сообраќај од Тел Авив. Во оваа фаза евакуацијата ќе се реализира со авион кој ќе обезбеди транспорт, рече Муцунски на прес-конференција.

Министерот Муцунски изјави дека околу 100 македонски државјани се наоѓаат на територијата на Израел, од кои досега 28 побарале евакуација за враќање во Македонија.

И премиерот Христијан Мицкоски, претходно изјави дека владиниот авион ќе биде ангажиран во евакуацијата на неколку македонски граѓани во Израел.

-Секојдевно сум во комуникација со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и се прави план за евакуација на заробени македонски граѓани. Ќе биде ангажиран и владиниот авион да бидат пренесени во некоја од соседните земји, најверојатно во Египет. Во моментов се девет граѓани, и очекувам до утре да заврши евакуацијата, рече Мицкоски.

МНР вчера апелираше поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, сите државјани на Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.

Воедно, оттаму апелираа до сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.

За помош и асистенција, граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив - Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546 Е-пошта: telaviv@mfa.gov.mk.Понатаму, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736, Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk.

Оттаму додаваат дека во рамки на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција.

-На крај, уште еднаш ги повикуваме нашите државјани кои се наоѓаат во погодените региони, доколку им е потребна конзуларна помош, без одложување да се обратат на наведените СОС контакти, стои во соопштението на МНРиНТ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Првата антикорупционерка Татјана Димитровска оддавала службени тајни, a испитите за безбедносниот сертификат ѝ ги полагал колега

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Првата антикорупционерка Татјана Димитровска оддавала службени тајни, a испитите за безбедносниот сертификат ѝ ги полагал колега

ВМРО-ДПМНЕ: Се потврди фактот дека СДСМ и Филипче немаат кандидат за Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Се потврди фактот дека СДСМ и Филипче немаат кандидат за Скопје

Каја Шукова е кандидат за градоначалник на Скопје

Каја Шукова е кандидат за градоначалник на Скопје

Помеѓу два пожари, животот тече: Стојанче Ангелов го слави роденденот на сопругата

Помеѓу два пожари, животот тече: Стојанче Ангелов го слави роденденот на сопругата

БУГАРСКИ МЕДИУМ ТВРДИ ДЕКА МИЦКОСКИ АПЛИЦИРАЛ ЗА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО: За ВМРО-ДПМНЕ ова е пропаганда

БУГАРСКИ МЕДИУМ ТВРДИ ДЕКА МИЦКОСКИ АПЛИЦИРАЛ ЗА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО: За ВМРО-ДПМНЕ ова е пропаганда

OJО: Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

OJО: Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Зоолошка градина Скопје: Недоразбирање меѓу нашите шимпанза резултираше со тоа што Коко си ја повреди ногата

Зоолошка градина Скопје: Недоразбирање меѓу нашите шимпанза резултираше со тоа што Коко си ја повреди ногата

ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА: Констатирано е дека болницата Козле нерационално ја користи водата за пиење

ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА: Констатирано е дека болницата Козле нерационално ја користи водата за пиење

Коњановски: Човек сум и јас можам да погрешам, а за сообраќајниот прекршок си платив

Коњановски: Човек сум и јас можам да погрешам, а за сообраќајниот прекршок си платив