ЕВАКУИРАН АЕРОДРОМОТ ВО САРAЕВО: Што е пронајдено?
Објавено во: Балкан 11 Ноември, 2017
Сомнителна торба e пронајдена на аеродромот во Сараево денеска околу 15 часот, по што била евакуирана зградата на аеродромот.
Торбата била оставена во близина на местото каде што патниците се пријавуваат за лет, објавија медиумите, а по испитувањето, кое што траело неколку минути, утврдено е дека во торбата нема опасни предмети и патниците биле пуштени назад во аеродромот.
Во рекорден рок завршен е прегледот и утврдено е дека нема опасност, па аеродромот продолжил да функционира.