ЕВАКУИРАН ТРГОВСКИ: Maж со маска и пушка влегол внатре
Објавено во: Свет 19 Мај, 2018
Трговски центар во Лас Вегас е евакуиран откако во објектот влетал 25-годишниот Емил Дарен Хопсон носејќи маска и лажна пушка.
Тешко воорушените полицајци во тактичка опрема заедно со кучиња го пребараа трговскиот центар.
Oд полицијата инфомираа дека човекот е уапсен неколку часа подоцна.
Хопсон помина некое време во трговскиот центар, а го идентификуваа вработените во продавниците во трговскиот центар, затоа што претходно ги посетувал.
Уапсениот е пронајден неколку часа подоцна во неговиот стан и е обвинет за создавање терористичка закана.